Бугарското вето беше една од темите на кои дебатираме вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски го повтори ставот на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев кој рече дека одлуката на Бугарија е тешка геостратешка грешка.
„Ние имаме една сериозна геостратешка грешка на Бугарија, која ги негира своите ставови, и мотото со кое претседаваше со ЕУ, а тоа е да направиме се за Балканот. Неотворањето на европската перспектива на земјите од Балканот, нема да донесе штета само на Северна Македонија и на Албанија, ќе нанесе сериозна штета и на Бугарија“, рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи смета дека стабилен Балкан, значи и стабилна Европа.
„Балканот е елемент за стабилност и на Европа. Сите знаеме што се случуваше во периоди кога имало било каков немир во земјите од Балканот“, додаде Спасовски кој рече дека земјата и понатаму ќе биде посветена на европскиот пат, и дека нема алтернатива членството на Европската Унија.
