Дали требаше да се повлече целата листа со имиња на затвореници кои побарале помилување за Нова Година? Претседателот Стево Пендаровски во емисијата Само вистина на Канал 5 рече дека правните експерти имаат поделени мислења во однос на ова прашање, но вели дека оваа Нова Година нема да биде помилуван ниту еден затвореник.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека помилувањата не треба да се повлечат но дека треба да се внимава на многу елементи за тоа кои имиња ќе се најдат на таа листа.
Побаравме одговор од Министерството за правда како ги коментираат реакциите дека не требало да се повлече целата листа со имиња на затвореници, но од кабинетот на Бојан Маричиќ не добивме одговор. По бројните реакции во јавноста за имињата кои се најдоа на листата, министерот Маричиќ соопшти дека листата целосно ќе биде повлечена, а на Фејсбук најави нов предлог закон каде ќе се прецизираат критериумите и ќе се заострат филтрите за креирање на листата со лица кои треба да добијат помилување. Помилувањата или н амалувањето н а казната на затвореници се практикува 2 пати во годината, за Нова Година и за празникот Илинден.
