Спасувачите пронајдоа живи петмина од седумте заробени во пештера во Лаос

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет од седумте лица кои останаа заробени во пештера што беше поплавена во Лаос беа пронајдени живи од спасувачите во среда, во инцидент што потсетува на драматичното спасување на тинејџери фудбалери во Тајланд во 2018 година.

Тие беа пронајдени од специјализирани нуркачи во пештерите и засега остануваат заглавени во подземна пештера во централната лаошка покраина Ксаисомбун, додека спасувачите продолжуваат да ги бараат преостанатите две лица.

„5 лица се пронајдени живи. Потрагата по преостанатите 2 продолжува“, напиша на Фејсбук тајландскиот нуркач Кенгкад Бонгкавонг во 16:30 часот по локално време.

Лаошката спасувачка група, „Rescue Volunteer for People“, соопшти дека петте пронајдени лица се „живи и безбедни“.