Спиропали со силна порака за албанскиот јазик – Ахмети: Да не создаваме длабоки кризи кои не ни помагаат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Загрозувањето на албанскиот јазик, го загрозува идентитетот на Албанците“. Ова е главната порака што ја испрати претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали.Таа исто така зборуваше и за одлуката што треба да ја донесе  Уставениот  Суд, при што истакна дека очекува решение согласно духот на Рамковскиот договор.

„Исто како што сме заинтересирани, очекуваме со верба и се надеваме да се спроведе целосно и Законот за јазиците. Албанскиот јазик, барем кај нас, е свет и е основен дел од нашиот идентитет. Било какво загрозување, секако дека причинува голема болка и го загрозува идентитетот кој го нудиме во овој голем свет, во регионот и надалеку како наша вредност. Ја знаеме и ја разбираме вознемиреноста за можните измени зависно од одлуката што се чека од Уставен суд но очекуваме таквите немири да бидат решени во духот на Рамковниот договор“, вели Есила Спиропали.

Откако Уставен привремено го замрзна балансерот, дел од Законот за вработување во Јавниот сектор и Законот за административни работници наскоро треба да се дебатира и за Законот за јазиците. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека треба да се гледа како работите да одат напред а не да се создаваат длабоки кризи.

„Никако не смееме да се враќаме назад. Треба да гледаме како да одиме напред. Треба да ги гледаме нештата како да се инсталира стабилен мир а не да правиме обиди или да служиме за правење длабоки кризи кои не не водат никаде и не ни помагаат“, вели Али Ахмети.

Од коалицијата ВРЕДИ неможат да предвидат каква одлука може да донесе Уставен суд но, како што изјави за ТВ21 пратеникот Аднан Азизи, ВРЕДИ е тука за да гарантира дека нема да поминат таквите црни сценарија.

„Познато е дека целиот систем е инсцениран и склопен врз основа на поединечни партиски договори и овој систем потоа функционира врз основа на наредбите на оние кои го инсталирале внатре во институциите. Таму сме да гарантираме дека овие застрашувачки сценарија нема да поминат, а особено за Албанците и како што најавивме, балансерот ќе биде заменет со закон за правична и соодветна застапеност на сите заедници кои живеат во Македонија“, вели Аднан Азизи.

Што се однесува до балансерот, коментирајќи ја изјавата на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, дека во моментов не може да потврди дали се работи на ново законско решение, Азизи рече дека Движењето Знам е дополнителен дел од Владата и тие не беа дел од првичните преговори меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамна претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека судските одлуки не треба да се гледаат како закана кон некого, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права. Тој очекува одлуките на судот да бидат прифатени како израз на зрелост во политиката и општеството.