Според Мицкоски во Влада без услови?! – Османи и Меџити со коментар за изјавите на Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Али Ахмети го замоли Мицкоски за коалиција без услови а за ВРЕДИ не чул дека имаат услови. Вака рече вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За условот за уставните измени, вели дека ова прашање се наметнува намерно од ДУИ за нивен спас.

Коментирајќи ги изјавите на Мицкоски, Османи вели дека тие владата ја гледаат како инструмент за целосна еднаквост на граѓаните и интеграција на земјата во ЕУ. Османи потсети на понудата за оставка и заминување од владата пред речиси една година во случај ВМРО да ги прифати уставните измени.

„За нас Владата не е единствена цел. Ние владата ја гледаме како инструмент за постигнување на нашите цели. Нашите цели се многу едноставни. Тоа е целосна еднаквост на граѓаните и заедниците, членство во НАТО и ЕУ. Ние владата ја гледаме како можност за постигнување на овие цели на граѓаните, за разлика од оние кои се подготвени за во влада да го ризикуваат народот и волјата на народот“, порача Бујар Османи.

Од друга страна, и Изет Меџити од ВРЕДИ вели дека тие не прифаќаат да бидат дел од владата по секоја цена доколку таа влада не е ориентирана кон ЕУ.

„Што се однесува до ВРЕДИ, една од точките е европската ориентација на Владата. Ние не сакаме по секоја цена да бидеме дел од било кој владин состав кој не е јасно ориентиран кон европската интеграција и евроатлантските структури“, вели Изет Меџити.

Според Меџити, со формирањето на владата не може да се нарушува победничкото начело бидејќи, како што вели, на овие избори Албанците имаат само една опција. За ЕФ вели дека не е опција која ги застапува Албанците бидејќи се состои од 4 различни заедници.

Инаку претходно и ЕФ и ВРЕДИ претходно изјавија дека имаат договор меѓу себе дека нема да влегуваат во коалиција со ниедна партија која не ги гарантира уставните измени во краток временски период по формирањето на владата.