Спорот меѓу Македонија и Бугарија не е единствен – Загреб бара од Белград признавање на хрватскиот јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Спорот меѓу Скопје и Софија за историјата и јазикот не е единствениот кој ќе биде на дневен ред на форумот денеска во Словенија.

На денешниот форум ќе учествуваат лидерите на членките на ЕУ, како и лидерите на шесте земји од Западен Балкан: Албанија, БИХ, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.

На средбата хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ќе бара од српскиот претседател Александар Вучиќ да не го оспоруваат хрватскиот јазик.

Причината за спорот е поради учебник по граматика за осмо одделенија во Белград во кој пишува дека српскиот, словенскиот, македонскиот и бугарскиот јазик припаѓаат на групата на југословенски јазици, а хрватите, босанците и дел од црногорците го употребуваат српскиот јазик, хрватскиот, босанскиот и црногорскиот.

Официјален Загреб очекува од Белрад да ги отстрани овие недостатоци во учебниците.