Велосипедот на Давид Мартинели е средство за работа. 26 годишниот италијанец, е професионалец. Но, поради коронавирусот, велосипедската сезона е прекината. Но Мартинели останува позитивен, одржувајќи ја формата. Роден е во околината на Бреш, кој се наоѓа во центарот на Ломбардија кој пак е најпогоден од вирусот. Редовно тренира, но истовремено им помага на локалното население доставувајќи лекови на лицата во изоалција.
„Бидејќи сум велосипедист кој тренира по 10 километри дневно, ова не претставува проблем. Сакав на овој начин да им помогнам на луѓето кои ме поддржувале во текот на целата година“, вели Давид Мартинели.
Мартинели моменталната состојба ја доживува како голем предизвик, но и можност да им се оддолжи на локалното население.
„Што помалку луѓе одат во аптека, тоа е подобро. Имаме одговорност, бидејќи ако јас одам наместо 3 или 4 лица ризокот за ширење на инфекцијата е помал“, додава Марртинели.
Распоредот за велосипедските трки е исто така променет пораде пандемијата на коронавирусот. Трката околу Италија е откажана, а се уште е неизвесно одржувањето на познатиот „Тур де Франс“.
„Во овој момент не може да зборуваме за откажување, но секако дека датумот на одржување на трката ќе биде поместен. Се надевам дека во август и септември ќе може да се натпреваруваме низ светот. На крајот, ова е спорт со кој се патува. Се надевам дека до септември вирусот ќе го нема, по што ќе може да започнеме со сезоната“, истакнува Џузепе Мартинели.
Давод Мартинели ќе продолжи да ја вози својата трка, која пак е многу по голема од било која епата досега.
