Спречен голем инцидент во Вашингтон: Уапсен маж со нож и молотови коктели во близина на Капитол, планирал напади врз министри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маж бил уапсен во близина на Капитол во Вашингтон, со преклопен нож и два молотови коктели. Според првите сознанија, имал намера да ги нападне истакнатите политичари Мајк Џонсон, Пит Хегсет и Скот Бесент, тврдат федералните обвинители.

Мажот именуван како Рајан Инглиш, се претворил во полицаец во близина на влезот на Капитол. Претресот покажал дека со себе имал две шишиња од 50 милилетри, и искината облека во нив. Тој носел и нож, велат тие во документите до кои дојде Гардијан, објави Политико.

Полицијата соопштила дека имал намера да ги нападне министерот за финансии Бесент, и новиот министер за одбрана Хегсет. Тој наводно соопштил дека го напуштил својот дом во Масачусетс, со намера да ги убие Џонсон и Хегсет во неделата, а ден подоцна планирал да го нападне и Бесент.

Инглиш кажал на полицијата дека бил свесен дека би можел да загине во овој обид. Тој се соочува со обвиниенија за незаконско внесување на оружје и носење на запалив предмет во Капитол.