Директорот на Националната асоцијација на туристичките агенции во Србија Александар Сеничиќ, најави денеска дека со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој следната недела доажа во Србија, ќе разговара за условите за влегување на српските државјани во Грција, како и можни сценарио доколку земјата ги затвори границите во текот на летото.
„Очвекивамо да бидат прифатени сите вакцинирани, но и тестот за антитела кој е поевтин од ПЦР тестот. Ќе пробаме да издејствуваме Евзони да биде отворен“, рече Сеничиќ, пренесе „Танјуг“.
Теохарис доаѓа во посета на Србија во понеделник, а претходно најави дека Грција ќе ги отвори границите на 14 мај, и дека за влез во земјата ќе биде потребен сертификат за здравственат состојба.
Сеничиќ предупреди дека може да дојде до проблем помеѓу агенциите и патниците, во случај грчките угостители да одлучат да „не работат“ ова лето.
