На предлог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во цела Србија во недела ќе биде прогласен Ден на жалост поради масакрот што се случи во Цетиње.
Како што пишува Курир, владината седница на која ќе се одлучува за предлогот на претседателот ќе се одржи утре во 10 часот.
Покрај Србија, вчера беше најавено дека и Република Српска ќе прогласи Ден на жалост поради трагедијата во Цетиње.
Деновите на жалост во Црна Гора траат од 2 до 4 јануари.
Во масакрот во Цетиње по крвавиот масакр на Ацо Мартиновиќ загинаа 12 лица.
