Србија: Нови 17 случаи на коронавирусот, вкупно 188

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Србија бројката на заразени со коронавирусот до утрово до 8 часот се зголеми на 17 лица, со што бројката изнесува 188.

Биле тестирани 28 лица, соопштува министерството за здравство, по кои 11 се негативни на вирусот.

Од новите 17, 11 се хоспитализирани, но без комликации и стабилна здравствена состојба.

Утрово постарите од 65 години во Србија беа во набавка на намирници со оглед дека во останатите денови имаат забрана за движење на територијата на Србија, освен за итна медицинска помош.