Овој викенд во Белград ќе биде организирана вакцинација за бизнисмени од БИХ, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово, а осигурани биле 10 илјади вакцини, истакна денеска претседателот на стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, пренесува „Абаз“.
Чадеж истакнал дека Комората во соработка со Владата на Србија, организирала имунизација на повеќе илјади бизнисмени и вработени во компаниите во Србија, и укажал дека во тој чекор се обезбедени 10 илјади вакцини.
„Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да го победиме ова“, рече Чадеж.
Чадеж напоменал дека Србија сака да помогне на своите соседи за да ја сочуваат својата економија затоа што, како што рекол, само така регионот може да оди напред.
„Потребно е само компаниите од регионот да се јават на своите стопански комори, кои во координација со Стопанската комора на Србија ќе организира вакцинација во Белград“, рекол Чадеж.
