Кризниот штаб на Србија денеска имаше состанок, а беше најавено дека како една од опциите е и кратење на работното време за да се намали бројот на луѓе кои се собираат на едно место.
„Можеби да бараме скратување на работното време, да се скратат манифестациите од масовен карактер, собирите да ги сведеме на помал број лица, да има помалку контакти за помалку лица да се заразуваат“, рече Тиодоровиќ, член на кризниот штаб.
Тој укажа дека последните два дена е забележано зголемување на новиот број на случаи.
Исто така Тиодоровиќ кажа дека вакцинацијата мора да биде уште посериозна за излез од оваа ситуација.
Оцени дека се закаснило со воведување на ковид пропусници, а апелираше на лицата да ја примат третата доза на вакцина.
„Сите во Светот се изјаснија за краток период после втората вакцина, ова е повик на лицата веднаш да се јавуваат, затоа што оние кои задоцнија со третата доза, имаа последици“, наведе Тиодоровиќ.
