Србија од денеска се реши да постави уште подрастични мерки за справување со коронавирусот. Меѓуградскиот превоз е рестриктиран, односно од 8 до 15 часот ќе се обраќа секој втор автобус, а после 15 часот, меѓуградскиот превоз нема да фунцкионира.
Јавниот градски превоз во Белград е укинат за време на полицискиот час од 20 до 5 часот.
Границите на Србија се затворени за сите жители, па дури и за Србите кои масовно се враќаат во својата земја. Според последните информации, во последните три дена се вратиле преку 65 илјади граѓани. Затворени се границите и за влез и за излез.
