Србија со бронзата на ОИ во кошарка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Србија во кошаркар ја освои бронзата на ЛОИ во Париз, откако во „малото финале“ ја совлада селекцијата на Германија со 83-93. Ова е мала утеха за Србите кои одиграа одлично со САД, но само лошата игра во последните минути не им овозможи да направат сензација и да влезат во финалето.

Никола Јокиќ го предводеше српскиот национален тим со „трипл-дабл“ со 19 поени, 12 скока и 11 асистенции, а Мициќ постигна ист број на поени.

Србите уште на почетокот го презедоа водството, и го држеа до крај. Германците имаа свои блесоци, стигнуваа блиску, но не успеаја да направат пресврт и да дојдат до бронзата.

Во битката за злато вечерва САД против Франција.