Полицискиот час во Србија ќе трае само за 1. мај, односно на граѓаните од оваа земја ќе им биде забрането да се движат само во петок. Почнува од четврток од 18 часот, и ќе трае до сабота до 05 часот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека можеби идната недела ќе биде укината вонредната состојба во земјата.
Сепак, тоа не зависи од него, туку од епидемиолозите.
„Размислуваме да ја укинеме вонредната состојба. Тогаш ќе нема ниту полициски час повеќе. Но, последниот збор ќе го имаат епидемиолозите“, рече Вучиќ.
