Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска остварил средба со претседателот на Уставниот суд во заминување, Сали Мурати, на кому му посакал успех, добро здравје и среќа понатаму во кариерата и животот.
Маричиќ на својот Фејсбук профил пишува дека со Мурати размениле мислења за предизвиците во правосудството и за значајноста на Уставниот суд како место каде што се носеле многу важни одлуки за иднината на земјата и се одлучувало за уставноста на многу важни закони.
-Министерството за правда ќе продолжи да се залага за унапредување на статусот на Уставниот суд. Во наредниот период се планира и дигитализација на судот, за да ја зголемиме неговата ефикасност и да ја доближиме оваа институцијата до граѓаните, пишува Маричиќ на ФБ.
