Средба на Пендаровски со Бучковски за спорот со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека денеска имал средба со Владо Бучковски кого Владата го назначи за специјален претставник за решавање на проблемот од Бугарија.

– За текот на разговорите за решавање на македонско-бугарскиот спор денеска ме информираше Владо Бучковски, специјалниот претставник на Владата за ова прашање, напиша Пендаровски на фејсбук-профилот.