Средба Османи-Шмит – во 2023, РСМ претседава со групата на ОБСЕ за средоземна соработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во јануари  следната година, Северна Македонија ќе и се приклучи на тројката на ОБСЕ заедно со претседавачот од оваа година, Шведска, и претседавачот од 2022 година, Полска. “Следната година ќе претседаваме со Групата за партнерство на ОБСЕ за Средоземна соработка, како севкупен доказ за нашите одговорности како претседавач на Организацијата во 2023“, рече министерот за надворешни работи, Бујар османи на средба со генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмит. На средбата се дискутирало на следните чекори во однос на нашето пртетседавање со организацијата во 2023. Од јануари влеговме во тројката претседавачи на ОБСЕ, како севкупен доказ и ќе дадеме максимум бидејќи имаме капацитет, рече тој.

„Како држава демонстрираме проактивност, капацитет и желба за преземање одговорност  за  глобалните тенденции  во време кога тие беа исполнети со несигурност и непроодност. Ова се очекува од нас како држава  која гради  свој уапешен модел на функционална мултиетничка демократија, земја членка на НАТО и сериозен претендент за членство во ЕУ“, истакна Бујар Османи.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмит рече дека  земјава треба да се фокусира на животната средина, владеењето на правото  и почитување на човековите права.

„Прашањата што се однесува до одбраната, да се разгледаат, исто така и гледиштата за животната средина, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, тоа го прави ОБСЕ. Се бориме против корупцијата, организираниот криминал и оваа борба ќе биде во интерес на сите граѓани на земјата“, посочи Хелга Шмит.

Генералниот секретар на ОБСЕ се сретна и со премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски. Таа рече дека секогаш е важно да се спроведуваат препораките дадени пред и по изборите и очекува Македонија да ги исполни сите препораки.