Средношколци во посета на ТВ21 – како против дезинформации и лажни вести?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Група средношколци денеска ја посетија ТВ21 во рамките на медиумската писменост што ја организира Институтот за комуникациски студии.

Имаа можност од блиску да се запознаат со работата во телевизија, а со новинарите и уредниците поразговараа на темата – лажни вести.

Учениците покажаа интерес и поставуваа прашања – како да ги препознаат лажните од точните вести.

Учениците дојдоа во придружба на нивните професори, а посетите се реализираат во рамките на Медиумскиот ден каде бројни средношколци посетија неколку телевизии и онлајн медиуми.