Полицијата во Лесковац ја расветлила сообраќајната несреќа во која загинал дваесет и седумгодишен човек и уапсила лицето од Северна Македонкја поради сомнение дека го усмртил лицето на автопат.
Според полицијата, уапсениот од Македонија се товари дека го извршил кривичното дело „тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај, загрозување на јавниот сообраќај и недавање помош на повредено лице во сообраќајна незгода“.
Тој се осомничен дека ноќта помеѓу 13 и 14 февруари оваа година во близина на Грделица, управувајќи со кампион го удрил 27-годишниот човек кој од здобиените повреди починал на лице место.
„Млад човек од Северна Македонија управувал камион со кој удрил во 27-годишник од Грделица, кој подоцна починал од повредите. Тој не застанал по несреќата, туку продолжи да вози“ – се наведува во соопштението.
По одобрение на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е задржан во траење до 48 часа, а со кривична пријава е донесен до надлежното обвинителство.
Да потсетиме, телото на младиот човек беше пронајдено на автопатот кај Грделица во средината на февруари.
