Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа повторно ги коментираше неодамнешните настани во Косово. Според него, Србија не влегла на територијата на Косово, бидејќи со кумановскиот договор и одлуките по него, како и отворањето на премини, тие немаат право да го направат тоа. „Нема да влеземе со нашите војници. Мирот е најпотребен. Чекаме да реагира НАТО, чекаме 24 часа.
Ако продолжи прогонот на населението, Србија ќе реагира – се вели дека изјавил Александар Вучиќ. Реакцијата на српскиот претседател доаѓа дури откако вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг објави дека разговарал со премиерот Албин Курти и претседателот Александар Вучиќ, во врска со ситуацијата на северот на Косово. Столтемберг, преку објава на Твитер, нагласи дека е од суштинско значење Приштина и Белград да се вратат на дијалогот.
