Српскиот претседател Вучиќ добивал закани на „Икс“, уапсено едно лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т за кривично дело загрозување на безбедноста, објавија утрово српските медиуми.

М.Т., за кој се вели дека се претставува како Младен Тањга на социјалните мрежи, наводно објавил зборови на социјалната мрежа „Икс“ „во кои директно му се заканува на семејството на претседателот Александар Вучиќ“.

Вечерње новости пишува дека во објавената песна М.Т „упатувал застрашувачки закани кон семејството на Вучиќ“, поточно неговата ќерка, сопруга, мајка и татко.

Премиерот Милош Вучевиќ како и претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ ги осудија заканите, и побараа од надлежните органи брза реакција од страна на заканувачот.