Колку контролната кула на Меѓународниот аеродром во Скопје е поврзана со временските прилики и неприлики?
Наташа Крстевска Мијата од Контрола на лет вели дека директно се поврзани затоа што тие работат и визуелно.
„Авионот кој што го работиме, мора и да го гледаме. Кога има магла, за сите нас е многу стресно. Понекогаш авионот слетува, а ти воопшто не го гледаш, само го слушаш. Ние каде што се наоѓаме понекогаш е „тесто“, односно воопшто не се гледа, меѓутоа самиот правец на слетување на авионот, тој може да слета. На крајот на денот, пилотот кој што го раководи авионот е тој што одлучува дали ќе слета или не, а ти си тука да го опслужиш“, посочува Мијата.
Таа додава дека како давател на услуги, срцето им се тресе се додека не слета авионот.
