Старица од Белгија одбила да биде ставена на респиратор: „Имав добар живот, приклучете некој помлад“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

90-годишна жена од Белгија почина како последица од коронавирусот, откако одбила лекарите да ја стават на респиратор. Таа одбила со зборовите дека на нејзино место треба да дојде некоја помлада личност која се бори со вирусот.

„Не сакам да ме ставите на респиратор, сочувајте го за некој помлад. Имав добар живот“, им соопштила на лекарите.

Сузан Хоилертс во болницата била примена на 20 март кога ја тестирале за коронавирусот. Била позитивна, и сместена во изолација, а нејзината ќерка Џудит не успеала да се прости од неа.

„Немав прилика да се збогувам од неа. Кога ја однесоа во болница, ми рече да не плачам и дека сум направила се што сум можеча“, рече Џудит која не знае како нејзината мајка се заразила.