Стармер: Крајно загржувачки е упадот на руски беспилотни летала во Полска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот премиер Кир Стармер утрово остро го осуди руското навлегување во полскиот воздушен простор, нарекувајќи го „крајно загрижувачко“.

Стармер го опиша нападот врз Украина како „варварски“ и додаде дека тоа е „длабоко неодговорен потег на Русија што само го потврдува очигледното непочитување на мирот од страна на Путин и постојаното бомбардирање на невини Украинци“.

Тој рече дека разговарал со полскиот премиер Доналд Туск за „јасно да ја изрази поддршката на Велика Британија“. „Вистински сум благодарен на НАТО и полските сили кои брзо реагираа за да ја заштитат Алијансата“, рече Стармер.