Стартуваше вакцинацијата со руски „Спутник“ – старите лица извисени, се вакцинираат здравствените работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

130 медицински работници се вакцинирале од 8 часот утрово до 13.30 часот  со вакцината Спутник во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром.

И овие 3000 руски вакцини се предвидени за медицинскиот кадар со оглед зголемениот број на заразени, иако претходно беше најавени дека овие вакцини се наменети за постарите лица, како и оние кои се сместени во старските домови.

Но, додека има интерес од здравствените лица ќе се вакцинираат тие, а со остатокот хронично болните и старите лица. Прилеп како град предничи по броот на заразени, па вакцинацијата почна токму со медицинските лица од овој град.

„Вакцинацијата се одвива по организиран распоред кој е приложен и првично се вакцинираат медицинските лица од земјава. Денеска според списокот беа медицинските работници од Прилеп од болницата и Ковид центарот“, истакна д-р Соња Ралева.

Од разговор со оние кои ги затекнавме заклучивме дека постои голем интерес за вакцинирање со Спутник.

„Јас сум Дејан Алексоски матичен лекар и денеска примив вакцина за Ковид 19“, изјави вакцинирано лице.

-Зошто се одлучивте за Спутник?

„Се одлучив , бидејќи мислам дека е безбедна вакцината, сигурна и дека ќе пружи добра заштита и дека ќе трае долго“, додава Дејан Алексоски.

-Верувате дека ќе влијае и на соевите?

„Па, се надевам“, вели Алексоски.

„За Фајзерот читавме дека има нус појави алергии, кои веќе ги имам, затоа сакам со „Спутник“ да се вакцинирам“, вели здравствен работник од болницата „Козле“.

Вакцина можат да примат и оние кои прележале Ковид 19. Но, се препорачува заинтерсираните да се вакцинирата еден месец после прележувањето на вирусот. Д-р Ралева објаснува дека значително е зголемен бројот на антитела кај оние што се вакцинирале до „Фајзер“ и тоа дека имаат многу повеќе антитела и оние што го прележале самиот вирус. Вакцинацијата ќе продолжи и во наредните денови од 8 до 20 часот.