Охриѓанецот Филип Стефаноски во емисијата Клик Плус на ТВ21, посочи дека долги години проблем се дивоградбите во Охрид и дека градот е дел од 250 градови во светот под УНЕСКО, кој заслужува да остане во нив.
„Долги години имаме проблем со УНЕСКО за дивоградбите кои никнуваат во градот, задолжително мора да го зачуваме статусот на УНЕСКО, бидејќи сме дел од елитата, како Дубровник, Сплит итн. Охрид е дел од 250 градови во светот, кој заслужува да остане во нив“, рече Стефаноски.
Тој додава дека периодот на рушење на дивоградби не е во добро време, бидејќи туристите кои доаѓале во Охрид гледале багери и додава дека е за тоа да се почитуваат законите и да се зачува статусот на УНЕСКО.
