Вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21, сопственик на туристичка агенција од Охрид, Филип Стефаноски, посочи дека Охрид почнува да добива туристи.
„Охрид почнува да заживува, изминатиов викенд имавме гости од соседството“, истакна Стефаноски
Тој додаде дека Македонија влегува во зелена зона и дека доаѓаат гости од Америка.
„Имаме гости и од странство, како компанија донесовме украински гости, а во јуни очекуваме гости од Америка. Македонија влегува во зелена зона, не бараме ПЦР тестови и мислам дека ќе имаме добра сезона“, посочи Филип Стефаноски, сопственик на ТА.
