Стевановиќ: 15-годишната пациентка е донесена во Скопје во тешка состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, ја објасни ситуацијата со починатата 15-годишната пациентка од тетовско.

„Стигната кај нас во исклучително тешка состојба. Била пренесена во болница Тетово, со многу брз рапиден развој на тешка клиничка слика. За жал, нема што да се додаде или да се дало претходно за да го смени исходот“, рече Стевановиќ.

Стевановиќ кажа дека младоста не штити од болеста, и предупреди на огромна внимателност и уште еднаш апелираше на вакцинација.

Таа кажа дека во моментов лежат 10-15 вакцинирани граѓани.