Ватикан соопшти дека резултатите од тестовите спроведени на Папата Франциск и неговите најблиски соработници се негативни на коронавирус.
Тестирани биле 170 лица во Ватикан, и шест се позитивни, јавува Ројтерс.
„Можам да потврдам дека ниту Папата, ниту некој од неговите најблиски помошници не е меѓу нив“, рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
