Стјуардесата породила патничка во текот на летот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Стјуардесата на авионот на Frontier Airlines и помогнала на патничка да се породи за време на летот, беше потврдено на официјалната Фејсбук страница на споменатата авиокомпанија.

Предвременото породување се случило за време на летот од Денвер до Орландо на 17 мај, а важна улога одиграла и стјуардесата Дијана Гиралдо. Сопатничката ја однела во тоалет каде и помогнала да се породи.

Капетанот на авионот Крис Њу го пренасочил авионот на аеродромот Пенсакола во Флорида, а откако медицинската служба ги презела мајката и бебето, тој го продолжил летот за Орландо.

“Целиот екипаж заврши навистина одлична работа. Диспечерите донесоа добра одлука и не пренасочија на Флорида каде не чекаше медицински тим. Ова беше добра работа, мило ми е што сите работеа заедно и бебето се роди на авион“, рече капетанот преку Фејсбук.

Иако целото име и полот на бебето не се откриени, сепак се знае средното име, а тоа е Скај.

Ова не е прво раѓање во авион. Во мај 2021 година, патничката се породила на летот меѓу Солт Лејк Сити и Хонолулу, а овој пат не била потребна стјуардеса бидејќи меѓу патниците имало лекар и три медицински сестри.

Исто така, бебе е родено во авион на Себу Пацифика кој летал меѓу Дубаи и Манила во 2016 година.