Сточарството и натаму е една од најтешките дејности. Абедин Адили , сточар од Тетово, чие семејство се занимава со сточарство повеќе од 150 години, се жали дека цената на јагнињата е многу ниска имајќи ги предвид преголемите трошоци.
Минатата година цената по кило на јагне беше 130 денари, а според Адили цената требаше да биде 300 денари за нормално одгледување.
„Со минато годишната цена немаме никаква добивка. Од друга страна цената на јагнињата треба да биде 5 евра за покривање на трошоците со цел во иднина да не се жалиме, Владата, треба да ни даде некаква помош за цената на јагнињата, но нема интерес.“, вели сточарот Адили.
Според него сточарите се обидуваат да го зачуваат сточарството, но помошта од Владата е многу мала.
„Владата сериозно треба да се позанимава со оваа позитивна работа бидејќи ние се обидуваме да ја одржиме оваа дејност, плус нашата Шара ја нема цел свет. Таму има избори на вода, пасишта, убаво туристичко место, но овие тоа не го вреднуваат.“, кажа Адили.
Апелира и до Министерството за земјоделство да покаже повеќе интерес за сточарството.
„Овде ги нема потребните услови. Прв услов е да има струја. Апелирам до Министерство за земјоделство да дојдат и да го видаат местото. Дали сакат да се развие сточарството или не. Да видат дека оваа место е нула, бидејќи кога се раѓаат јагнињата јас треба да влезам и да го видам јагнето. И јас треба да бидам како медицинските сестри за нив. И што да правиме, влегувам со батерии.“, изјави Адили.
Адили исто така се жали дека субвенциите за сточарите останаа исти, а цените на пазарот се зголемени.
