Стоилковски: Изборот за Савески е најдемократскиот чекор досега покажан од страна на една власт кон ЈО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека изборот на новиот државен јавен обвинител е најдемократскиот чекор досега покажан од страна на една власт кон Јавното обвинителство.

Како што вели, се работи за човек со чисто досие.

„Избран е човек со чисто и професионално досие, почитуван од колегите, предлогот дојде од нивна страна, кандидатурата е негова – има волја, има желба, не е замешан во политиката“, рече Стоилковски.