Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција истакна дека некој треба да понесе одговорност што се бара да се плаќаат донирани тестови, мислејќи на брзите ковид тестови кои од денеска почнаа да се применуваат.
„Македонија ја надмина психолошката бројка од 1.000 починати од корона вирусот и никој од власта, ниту Заев, ниту Филипче, не чувствуваат одговорност за ваквата фрапантна смртност од епидемијата. Очигледно е дека власта покажува апсолутна неспособност да се справува со кризата и заради тоа се наоѓаме во земјите – црни рекордери во регионот и пошироко.
Но, не е само неспособноста на власта проблем. Проблем е и нивниот однос кон народот во време на здравствена и економска криза. Замислете, министерот Филипче најавува дека донацијата со брзи тестови за корона вирусот граѓаните ќе треба да ја плаќаат од свој џеб!
Бесплатните донирани тестови, граѓаните, на сета
мака која ја имаат, ќе треба да ги плаќаат од свој џеб!
Овие тестови, но и други кои државата мора да ги обезбеди час поскоро, треба да бидат бесплатни за народот.
Патем, апсурдот да биде поголем, ВМРО-ДПМНЕ е партијата која предлага конкретни мерки за справување и ублажување на епидемијата, а СДСМ се однесува
како опозиција и бара виновници. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат тоа се граѓаните, а токму нивните партиски и владини функционери се заразуваат. Им
посакуваме брзо закрепнување, но прашуваме кој е виновен за тоа што партиските и владините функционери се заразија од корона вирусот? Виновна е власта што
дозволи неконтролирано ширење на вирусот и ненавремено справување со пандемијата.“, вели Стојаноска.
