реклама
Array

Столтенберг: НАТО ќе го подготви Пристапниот протокол за членство под името Република Северна Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг извести дека во подготовка е Пристапниот протокол кој е предвидено наскоро да биде потпишан од страна на постојаните претставници на земјите – членки на Алијансата по што ќе следи и покана до Димитров за присуство на церемонијата на потпишување на Протоколот.

„Ќе го потпишеме пристапниот протокол во НАТО и тоа можеме да го сториме набрзо. За ратификацијата ќе треба повеќе време, сѐ зависи од 29-те парламенти. Штом ќе го потпишеме пристапниот протокол, Скопје ќе седне на масата,“ изјави Столтенберг за Политико Европа.

реклама

Целиот процес во Парламентите се очекува да трае до крајот на оваа година, а официјалното членство во НАТО, под името Република Северна Македонија, би требало да се заокружи најдоцна до средината на следната година.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама