Стотици повици во „Клик Плус“ за проблеми со пописот – Зошто Косово не фигурира во листата на државите за попис?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу граѓани кои живеат во странство имале проблем со попишувањето. Вчера во емисијата Клик Плус имаше стотици повици кои бараа одговор од гостите, односно од Државниот завод за статистика. На апликацијата за попис не фигурира Косово. Беким Бериша вели дека тоа се случува бидејќи базата на држави е преземена од ООН, каде не фигурира Косово.

„Денеска ме сретна граѓанин на улица, ми рече дека неговата ќерка е мажена во Косово, и дека Косово не фигурира како држава!“

„Сме го покренавме ова прашање и ова е објаснувањето – Базата на држави е преземена од ООН, таму за жал Косово се уште не е, а утре од базата на Еуро Стат ќе постои и Косово како опција“, вели Беким Бериша.

Заменик директорот на ДЗС ги раскажа трите опции според кои може да се попишува дијаспората.

„Доколку сте во странство, можете да се попишувате, а пристап имаат само ИП адресите надвор од границите на нашата држава. Доколку не можете да се попишувате а сакате, тогаш имате можност да дојдете во РСМ во текот на периодот од 1 до 21 април и да ја искористите можноста за попис. И третиот начин доколку не успеете да се самопопишувате, ќе повикате некој ваш близок, да му ги дадете податоците, матичниот број и тој да ве попише овде од 1 до 21 април“, истакна Илми Селами.

Фатмир Мифтари, од Куманово ги праша поканетите зошто тој не може да се попише, а неговата сопруга може.

„Мојата жена се попиша, има и матичен број и јас имам извод на родени од Македонија и матичен број, дали имам право да се пријавам. Дали имам право да се пријавам и да ги попишам и децата кои се родени тука?“, истакна Фатмир Мифтари.

„Доколку сте земале државјанство од Австрија, Австрија не прифаќа двојно државјанство, а доколку сте земале државјанство од Австрија, вие сте го изгубиле државјанството на Македонија, сте ги изгубиле правата и со тоа и правото за попис“, додаде Илми Селами.

Многу граѓани се жалат и за преводот на апликацијата. Беким Бериша, советник во ДЗС вели дека преводот е направен со гугл транслејт.

„Мејлот е испратен до колешка Македонка, таа го испратила мејлот до компанијата кој ја одржува апликацијата, многу наши мејлови одат кај нив и се измешаа, изгледа, не изгледа туку јасно е дека преводот е од гугл транслејт“, вели Беким Бериша.

-Кој?

„Компанијата која ја одржува“.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, рече дека за 24 часа се попишени над 10 илјади печалбари. Од вчера, следните две недели ќе се попишат 2 200 затвореници и лица во притвор на територијата на Македонија.