Фотографијата на Шерифе Љута заедно со нејзината ќерка Бесиана која имала само неколку недели, за време на војната во Косово во 1999 година, на светот најдобро му ги прикажува страдањата низ кои поминале Албанците протерани од Косово…
Сега, 22 години подоцна, тие се овековечени преку мозаик на таканаречен „Ѕидот на сеќавањето“ во Меморијалниот центар во „Блаце 99“, каде беше пуштен во употреба и паркот „Хасан Приштина“.
Претседателот на Здружението за враќање на раселените Албанци, Јахја Лука, рече дека хуманитарната криза во Косово влијаела за меѓународната заедница на чело со НАТО да интервенира, спасувајќи една цела нација од истребување.
„На овој ѕид се изгравирани изреки на светски лидери за протерување на Албанците. Ова е мозаикот на албанската мајка со дете на гради, мозаик кој покажува дека во најтешките моменти мајката Албанка го хранела детето, затоа што мајката Албанка е главниот столб на нашата издржливост, затоа – благодарам мајко“, изјави Јахја Лука
претседател на Здружението за враќање на раселените албанци.
Директорот на Институтот за духовно и културно наследство во Скопје, Скендер Асани, рече дека пред 22 години, наместо старите словенски приказни кои ги присвоиле дипломатските салони на Европа во 19 век, меѓународната заедница предводена од САД, НАТО и ЕУ, за првпат ја воспоставила правдата во полза на Албанците.
„Ѕидот на сеќавањето и паркот „Хасан Приштина“, го исполнуваат овој простор со две најзначајни социолошки и политички поими. Имаме димензија на народна жртва и пожртвуваност портретирана во лицето на жена која станувајќи предмет на фотографија што го обиколи светот, всушност таа ја интернационализираше димензијата на колективното страдање на Албанците, како резултат на најзбунувачката форма на етничкото чистење кое Србија во тоа време го спроведуваше со беспоштедна посветеност“, Скендер Асани од институтот за духовно и културно наследство на албанците.
Градоначалникот на Елез Хан, Руфки Сума, побара од институциите во Косово да покренат тужба против Србија.
„Сѐ додека ние одмараме, на ред се другите, криминалците за тие денеска да поднесуваат тужби. Наместо ослободителите да се со нас, и да слават тука каде што сме ние, тие се соочуваат со меѓународна правда во Хашкиот трибунал и се изнесуваат пред лицето на правдата со цел да се обвинат дека наводно тие се оние кои извршиле злосторства, иако целиот демократски свет многу добро знае дека злосторствата ги изврши Србија, а не Ослободителната војска на Косово“, рече Руфки Сума, градоначалник на општина Елез Хан.
Мозаикот е авторско дело на сликарите Фестим Кабаши и Луан Таши.