Три лица загинаа, а четири лица повредени во пожар во зграда во центарот на Москва, сооошти руското Министерство за вонредни ситуации.
Министерството соопшти дека пожарот што избувна во ходникот на деветкатната станбена зграда е изгаснат, пренесува ТАСС.
Противпожарните единици спасија 19 лица, меѓу кои и пет деца. 86 лица и 23 возила учествувале во гасење на пожарот.
Според руските медиуми, изгорел балканот на вториот кат од зградата, а изгореле и блаконите на погорните спратови.
Останатите станари веднаш биле евакуирани.
