Страшна несреќа во Етиопија, најмалку 60 загинати: Патувале на свадба, па слетале во река

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 60 луѓе загинаа во Етиопија кога камион полн со патници падна во река, соопштија властите во јужниот регион Сидама.

Несреќата се случила во областа Бона, се наведува во соопштението на регионалната канцеларија за комуникации доцна синоќа. „Преживеаните моментално се лекуваат во Општата болница во Бон“, се додава во извештајот, без дополнителни детали.

Државната телевизија ЕБЦ објави дека патниците биле на пат на свадба кога се случила несреќата. Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Етиопија, каде стандардите за возење се ниски, а многу возила се лошо одржувани, пишува Гардијан.

Потсетуваме дека најмалку 38 лица, главно студенти, ги загубија животите во 2018 година кога автобус падна во провалија на планинскиот север на Етиопија.