Коалицијата на лицата со посебни потреби “Менуваме“ оствари средба со претставници на МТСП. Тие се жалат дека стратегијата на Министерството за унапредување на нивните права не ги исполнува нивните елементарни потреби. Од Министерството им ветиле дека во моментов стратегијата нема да помине во влада.
Алишан вели дека во стратегијата се предвидува според него, апсурдна мерка, со која функционери како претседателот и премиерот ќе бидат наградени кога ќе ги потпишат законите и ќе ги поддржат правата на лицата со посебни потреби.
По средбата не излезе никој од Министерството да соопшти за текот на средбата. По разговор на телефон, не информираа дека не се предвидени изјави за медиумите. Единствената информација од МТСП беше пред една недела кога соопштија за стратегијата и апелираа до коалицијата “Менуваме“ да ги достават нивните барања. Но колку оваа коалиција се надева дека Министерството ќе ги слушне и прифати нивните барања?
Инаку стратегијата беше иницијатива на координативното тело за имплементација на конвенцијата за правата на лицата со посебни потреби која функционира во рамки на владата.
