Построга регулација на користењето на електричните тротинети. Ќе бидат дозволени само за лица над 18 години и со максимална брзина до 20 километри на час, кацигата ќе биде задолжителна, додека прекршувањата ќе се казнуваат построго, вклучително и парични казни и привремено одземање до 30 дена.
Ова се клучните измени предвидени во Законот за безбедност во сообраќајот.
Според предлогот, тротинетите треба да се движат главно по велосипедски патеки, а во нивно отсуство по тротоар со многу мала брзина до 6 км/ч; забрането е возење во пар, возење без раце, возење на една тркало или во алкохолизирана состојба, додека казните се движат од 100 до 275 евра и вклучуваат и конфискација на средството во одредени случаи.
Предлогот беше разгледан во Комисијата за одбрана и безбедност, но седницата беше прекината за дополнителни консултации со надлежното министерство.
Според статистиките презентирани во Собранието, од 2024 година до мај 2026 се регистрирани над 2.300 несреќи во кои биле вклучени корисници на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, со 46 жртви и стотици тешко повредени, при што над 70% од повредените се малолетници.
