Во Струга секој ден се зголемува бројот на кучињата скитници. Можат да се видат насекаде, особено на градското шеталиште. Неодамна имаше и случаи на напади врз луѓе. Граѓаните, вознемирени од оваа ситуација велат дека треба да се изнајде решение, имајќи предвид дека Струга е туристичко место во кое доаѓаат туристи од целиот свет.
Но, општина Струга нема одвоено средства за третман на кучињата скитници, ниту пак за нивна стерилизација и кастрација. Градоначалникот Рамиз Мерко, вели дека се трудат да ја менаџираат ситуацијата со бездомните кучиња со испраќање во приватни прифатилишта.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струга побараа да се назначат стручни лица кои би изнашле решение што е можно побрзо. Воедно побараа да бидат обезбедени финансии за стерилизација и кастрација.
