Струга ТЛ во финишот елиминирана од Пјуник во Лигата на Конференции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шампионот Струга Трим Лум доживеа елиминација во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако денеска загуби од Пјуник со 3-1, и така со вкупни 4-3 е исфрлен од најмасовното европско натпреварување во Европа.

Струга Трим Лум европскиот пат го почна во Лигата на шампионите, каде што во 1. квалификациско коло загуби од Слован Братислава два пати (4-2 и 2-1) со што продолжи во Лигата на Конференции и за ривал го доби Пјуник од Ерменија. На првиот меч во Охрид славеше триумф од 2-1, но вечерва на реваншот имаа продолженија се до 96. минута од средбата, кога Ерменците постигнаа уште еден гол, и така го продолжија натпреварувањето во 3. квалификациско коло.

Струга Трим Лум е третиот тим од Македонија кој е елиминиран од Европа. Претходно елиминација доживеа Шкендија од ерменска Ноах, додека Тиквеш испадна од исландски Бреидаблик. Двата тима играа во Лигата на Конференции.