Струга ТЛ за противник го доби Слован Братислава во ЛШ, Шкендија доби ривал од Ерменија, Тиквеш од Исланд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот првак Струга ТЛ ќе игра против словачкиот шампион Слован Братислава во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Стружани добија тежок противник, кој лани играше во 1/16 финалето на Лигата на Конференции, откако ја мина групата. Таму настапуваат многу словачки репрезентативци кои играат на актуелното Европско првенство, а најзвучно име е Јурај Куцка, кој е поранешен член на Милан.

Своите противници ги добија и Шкендија и Тиквеш. Шкендија за ривал ќе го има ерменскиот тим Ноах, додека кавадаречкиот тим и освојувач на Купот го доби Бреидаблик од Исланд.