Сцена која ги разбесни граѓаните: Кошаркар одби да клекне при интонирање на химната

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кошаркарот на Мајами Хит, Мејерс Леонард, одби да клекне за време на интонирањето на американската химна на мечот против Бостон.

Додека неговите соиграчи клекнаа, Леонард стоеше мирно и ја слушаше химната на неговата земја.

Неговиот гест изненади и разбесни многумина, бидејќи тие веруваат дека кошаркарот на Хита одби да пружи поддршка во борбата против расизмот.

Сепак, по натпреварот, Леонард го објасни својот потег.

„Јас стојам! Јас се залагам за мажи и жени, како и за мојот брат кој и служеше на оваа земја. Јас стојам против насилството и немирите во Вашингтон. Стојам во име на солидарност со моите соиграчи и браќа. Јас се спротивставувам на фанатизмот, расизмот и омразата. Се залагам за надеж дека нашата земја еден ден ќе престане да ги користи разликите за да не раздели и да види дека нашите срца можат да не обединат. Јас стојам со љубов во моето срце за сите“, напиша тој на Твитер.