Студено утро низ Македонија, најниска температура –5 степени во Берово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрото во Македонија донесе ниски температури, при што најстудено беше во Берово со измерени –5 степени. Температури под нулата се регистрирани и во Битола и Струмица (–4), како и во Скопје-Петровец и Штип (–3 степени). Во Демир Капија, Велес и Куманово утринската температура изнесуваше –2 степени, додека –1 степен беше измерен во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Маврови Анови и Претор. Нулта температура е измерена во Крива Паланка и на Попова Шапка, додека најтопло утринава беше во Крушево со 2 степени, по што следат Виница со 2 и Охрид со 1 степен.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини се очекува појава на магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла во утринските часови. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 7 степени.