Студентите бараат да се отвораат читалните: „Се чувствуваме дискриминирани, ќе протестираме в петок“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Студентите велат дека се чувствуваат дискриминирани поради тоа што Владата не ги отвори читалните за да можат да учат пред испитниот рок. Поради ова, студентите бараат да се подготви протокол и да се отвораат поради тоа што, како што велат, на минатата испитна сесија резултатите биле слаби.

„Ние како студенти сметаме дека треба да се отвораат читалните поради тоа што ние, би рекол, се чувствуваме дискриминирани поради тоа што само за читалните е проблем. Се уште не е подготвен протокол за отворање на читалните. Во овој случај се чувствувам дискриминиран бидејќи не е подготвен протокол само за отворањето на читалните. Имаме потреба за да се подготвиме за испитите, бидејќи во минатата сесија резултатите беа видно послаби.“, рече Арбен Мемети.

На место на читална, студентите ќе читаат пред читалната „Браќа Миладиновци“ со што ќе протестираат за да покажат дека немаат каде да учат.

„Планираме протестот да почне пред читалната „Браќа Миладиновци“. На симболичен начин, пред читалната, во булеварот „Партизански Одреди“ ќе седнеме, ќе ги отвориме книгите со цел да покажеме дека немаме каде да учиме.“, рече Умејр Муамеди.

Од Комисијата за заразни болести за ТВ21 известуваат дека протоколите се усвоени и дека се очекува одлуката за функционирањето на читалните да биде донесена во Собрание.

Од Министерството за култура со одговор.

„Ве информираме дека читалните во библиотеките се отворени за корисниците и истите работат според претходно подготвени протоколи и со редуциран капацитет“.

Но станува збор само за библиотеките, а не и за читалните каде учат студентите. Поради тоа, студентите се одлучни да протестираат в петок во 18 часот пред читалната „Браќа Миладиновци“ и ќе се маршира до пред Собранието.