Студентите од Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово излегоа на протест, марширајќи од Градската библиотека до Универзитетот. Побараа оставка од професорката Бесиана Мехмеди, која ја обвинуваат за навредување и насилство врз студентите.
-Овој протест нека биде порака за сите студенти на Универзитетот дека секој професор кој се заканува и уценува, треба да биде пријавен, а не тоа да се премолчи. Гледам дека имаме и граѓански организации кои ни излегоа в поддршка. Тетовскиот универзитет е жариште на знаењето стекнато со крвта на народот и нема да дозволат некој да го гази сиот тој труд и жртва, вели Арди Лена студент.
Во поддршка на студентите излегоа и невладини организации и поранешни студенти.
-Сметаме дека одлуката „писмена опомена“ од деканот на Факултетот за уметности е скандалозна, затоа го прашуваме деканот на Факултетот за уметности – кој закон или статут во светот писмено ги санкционира заканите и психичкото насилство, со цел да се спречат вакви случаи? Треба да бидат преземени итни мерки, универзитет без студенти…. студентите се клучниот фактор на универзитетите, затоа отворете ги вратите и не носете луѓе со заканувачки лица, како што се оние во позадина, вели Бленди Ходаи демонстрант.
Поранешната студентка, Елита Зибери, тврди дека и таа била мета на притисоци.
-Сакав да ѝ кажам на професорката која изјави дека јас сум цртала цвеќиња. Да, јас цртав цвеќе, цртав бидејќи не стоеше на зборот за тоа што ќе нѐ праша на испит, па затоа бев принудена да цртам во знак на почит. Јас денес сум дипломиран етномузиколот и сакав да ја прашам – кој ми ја даде мене дипломата? Вие или дојде некој друг од факултетот и ми го положи испитот?, вели Елита Зибери поранешна студентка.
Професорката Бесиана Мехмеди, досега не им одговори на пораките на ТВ21, но реакциите околу одлуката на деканот и објавената аудио-снимка во која се слуша вербална расправија со студентот Лена, Мехмеди ги коментираше преку статус на Фејбсук.
-Кога ќе те нападнат, биди трпеливи, исто како кога ќе те фалат. Независно од тоа што си девојка, жена, мајка, кон тебе ќе фрлаат толку камења, колку што ќе ги подаруваат цвеќиња! Ова е цената на јавниот живот на Балканот каде монтажите и уцените се секојдневна храна!, вели Мехмеди.
Студентите најавија дека протестот ќе продолжи и следната недела, а ќе ја бојкотираат и наставата со барање за разрешување на професорката Мехмеди. Раководството на Универзитетот донесе одлука – студентите да изберат дали сакаат да им предава професорката Бесиана Мехмеди или Бајрам Чупи.
