Бизнисменот Орце Камчев во моментов се наоѓа на распит кај судија на претходна постапка, која ќе одлучува по барањето на Обвинителството за мерката притвор.
Камчев претпладнево беше приведен откако Агенцијата за национална безбедност го вклучила алармот и соопштила информации до обвинителството, дека се подготвува за бегство.
Од Обвинителството претходно истакнаа дека ќе побараат и мерка притвор во рамки на истрагата „Плацевите на Водно“ во која е инволвиран и самиот Камчев.
